Нова мултибренд продавница за спортска опрема - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Нова мултибренд продавница за спортска опрема

Нова мултибренд продавница за спортска опрема

Компанијата Џак претставува еден од најголемите ланци на мултибренд продавници за спортска опрема на територијата на Србија. Веќе 20 години, Џак ги нуди врвните колекции од најпознатите светски брендови како Hummel (Хамл), Nike (Најк), Adidas (Адидас), Reebok (Рибок), Conversе (Конверс), Puma (Пума), Colmar (Колмар), Speedo (Спидо), Arena (Арена), Joola (Јола) но и многу други.

Покрај големата понуда на спортски облека и обувки, во нашиот асортиман може да се најде парче спортска опрема за фудбал, кошарка, ракомет, одбојка и тенис, велосипедизам, пинг-понг, како и многубројни справи за вежбање.

prodavnica2

Нашата цел е да им понудиме голем избор на квалитетна спортска опрема на рекреативците од сите воздрасти и спортистите од сите генерации. Веруваме дека клучот за нашиот успех лежи во спојот на долгогодишното искуство и желбата секогаш да бидеме инвентивни. Како корпоративно- друштвено одговорна компанија, ние ги почитуваме локалните и националните вредности, ја промовираме соработката и размената на знаења.
Приказната која започна во Србија сега продолжува и во Македонија. Отворањето на продавницата во Скопје е голем чекор кон нашето постојано усовршување и надградба како и тежнеење да бидеме чесен и поуздан партнер кој секогаш ги поддржува спортските манифестации и младината. Нашата мисија да внесеме здрав дух во секое семејство преку најпопуларните светски брендови ја продолжуваме во Тетово, но задоволувајќи ги сите ваши потреби и градејќи ја меѓусебната доверба, сигурни сме дека нема да застанеме тука. Преку уважувањето на потребите на потрошувачите и квалитетната услуга која секогаш ја нудиме се надеваме дека ќе прераснеме во место кое ќе ги задоволи сите ваши потреби на чекор од нас. Со ведар дух, ќе се обидеме да докажеме дека спортот и рекреацијата се забавни.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.