Нова мака за Клоп: Салах му се ветил на Реал Мадрид, си оди на лето - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Нова мака за Клоп: Салах му се ветил на Реал Мадрид, си оди на лето

Нова мака за Клоп: Салах му се ветил на Реал Мадрид, си оди на лето

Ливерпул го продаде Фелипе Кутињо во Барселона за фантастични 160 милиони евра, а веќе има нова мака, се заканува ново заминување и тоа во летниот преоден рок. Египќанецот Мохамед Салах, кој игра во одлична форма оваа сезона, дал ветување до раководството на Реал Мадрид дека ќе се пресели на „Сантијаго Бернабеу“ по завршувањето на сезоната. Тоа дефинитивно ќе биде нов голем трансфер за клубот од „Енфилд роуд“, но и ново големо разочарување за фановите на клубот, кои никако не можат да дочекаат Ливерпул да се врати на старите шампионски патеки.

Салах блесна во Премиер – лигата оваа сезона, игра одлично, асистира и постигнува погодоци, а тоа го следат и скаутите на Реал Мадрид, кои наводно веќе оствариле контакт со агентот на египетскиот фудбалер. Се очекува и тој да самиот да притисне, слично како и Фелипе Кутињо, за негово заминување по завршувањето на сезоната, а трансферот би бил вреден околу 70 милиони евра.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.