Нов тренер и четири нови засилувања за Бест - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Нов тренер и четири нови засилувања за Бест

Нов тренер и четири нови засилувања за Бест

Со два преостанати натпревари пред крајот на тековната сезона во домашното кошаркарско првенство, екипата на Бест е подготвена на сè за да се бори за опстанок во најелитното кошаркарско друштво. Мицко Алексовски, кој беше предводникот на вториот клуб од Гевгелија и го однесе до врвот на табелата во втората лига, е сменет со Владимир Мирковски. Најдобриот тренер во машка младинска категорија за 2015 година доаѓа од актуелниот првак во „елитата“, МЗТ Скопје, кој досега беше помошник на Алек Јончевски и Алеш Пипан.

Покрај смената на тренерската позиција, раководството на Бест реши да направи и промени во ростерот пред истекот на преодниот рок. Првото засилување е Димитар Делипетров, доскорешниот играч на Кожув, Павле Николов од Фени Индустри и Дејан Лазаревски од Вардар. Покрај домашните кошаркари, Бест дополнително се засили со Џулиус Францис. Високиот Американец со нигериско потекло ќе ја засили играта на гевгеличани под обрачот.

Следен натпревар и тест за подновениот состав ќе биде в недела (17 јануари) кога Бест за домашен терен го пречекува Фени Индустри.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.