Нов скаутинг камп на Келн во Дојран - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Нов скаутинг камп на Келн во Дојран

После два тренинг кампа, првиот на терените на ФК Работнички и јануарскиот во Негорски Бањи, во прекрасни услови, Спорт Арена повторно организира скаутски камп во Дојран во спортскиот центар „Истатов“.

Од претходните кампови, двајца млади таленти од Македонија престојуваа во Германија. Прво талентираниот Илија Тилев (10), а потоа и перспективниот Мартин Мирчевски (17).

Третиот скаутинг камп во организација на Спорт Арена ќе се реализира во јуни во Дојран. Ќе се работи во две групи, во периодот од 19 до 25 –ти.

Кандидатите ќе бидат сместени во хотелот „Истатов“, а бројот на учесници ќе биде лимитиран на 60 фудбалери од група. Право на учество имаат фудбалери на возраст од 9 до 19 години.

На лиценцираниот скаутинг тренер од ФК Келн, Купфер, овој пат ќе му асистираат домашните тренери Раде Цицмиловиќ, Драган Стефановски, Тони Наумоски, Ванчо Тимов, Шерко Сулејмани, Арџент Беќири и поранешниот бундес фудбалер и сегашен менаџер Саша Ќириќ.

kamp keln 2

Домашните тренери кои ќе му асистираат на Купфер се дополнителен гарант за уште поквалитетна реализација на кампот. Раде Цицмиловиќ е докажан тренер и скаут за млади категории кој бележи значителни тренерски резултати, Драган –Гаге Стефановски е тренер на младите категории во ФК Металург, поранешен прволигашки фудбалер и подоцна тренер во Цементарница и Работнички. Арџент Беќири е актуелен асистент на селекторот на „А“ репрезентацијата на Македонија, Бошко Ѓуровски, Тони Наумовски е поранешен репрезентативец, сега сопственик на силната фудбалска школа Прилеп која изгнезди повеќемина сегашни прволигашки фудбалери, Шерко Сулејмани е успешен со фудбалската школа „Бешикташ“ во скопската населба Чаир, Ванчо Тимов е поранешен тренер на Гројтер Фурт со трисетгодишно тренерско искуство во Германија. Одбор тренери, за одличен камп.

Новитет во оваа сесија скаутинг тренинзи е тоа што Спорт Арена е во преговори за заедничка соработка со најдобрата и најголема менаџерска агенција во Германија, за да се остварат услови за овозможување на младите македонски фудбалски таленти да го покажат својот талент освен во Келн, и во други германски клубови. Додатен новитет на овој скаутски камп е поделбата на учесниците во две групи за да се овозможи подетална и потемелна изработка на тренинзите поставени од скаутот на ФК Келн.

Цената за учество на кампот во Дојран кој обезбедува полн пансион за учесниците е 12 500 денари, а сите фудбалери од опрема ќе добијат дрес, шорцеви, штуцни, шише за течност, фудбалска топка, ранче за фудбал или копачки и диплома за учество на камп во организација на Спорт Арена.

Тренинзите и стилот на работа на ФК Келн и сериозноста на претходните два скаутски кампови до сега наиде на силен одек кај младите фудбалери кои изразија задоволство и голем интерес за организираните кампови.

Рок на пријавувње до 5 јуни. Можност за плаќање на рати. Подетални информации може да добиете на телефоните: 070/ 611-236 ; 078/ 667-500.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.