Нов камп на ФК Келн во Македонија - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Нов камп на ФК Келн во Македонија

Следени од позитивното искуство што го имаа при организацијата на првиот фудбалски камп во корелација со германскиот клуб Келн во Скопје, најавен е нов камп што треба да се одржи во Негорски Бањи од 9 до 14 јануари, а повторно ќе го води лиценцираниот тренер и официјален скаут од ФК Келн, Кристијан Купфер, а ќе му асистираат поранешните македонски репрезентативци Саша Ќириќ и Александар Васоски, како и тренерите Драган Стефановски, Сулејман Шерко и Зоран Васевски.

kamp keln vo skopje

Во следниот период заинтересираните млади фудбалери ќе можат да се пријават (контакт тел. 078 462 622) за да учествуваат на овој камп, а доколку бидат забележани нивните квалитети од скаутот на ФК Келн, би можеле да заминат и во Германија, како што тоа го стори Илија Тилев, младиот фудбалер од фудбалската школа Форца кој се наметна со својот талент и беше одведен во академијата на Келн.

ilija tilev vo keln

Оранизаторите на овој втор камп на ФК Келн во Македонија, најавуваат дека младите фудбалери ќе имаат шест полни пансиони во хотел во Негорски Бањи, ќе бидат сместени во двокреветни соби и ќе ги имаат сите услови за тренирање. Исто така ќе добијат комплет спортска опрема од ФК Келн, како и пријатно изнедување од овој германски клуб.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.