Ниту Милан, ниту Рома - крилото на Ајакс заврши во Лил (ФОТО) - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Ниту Милан, ниту Рома – крилото на Ајакс заврши во Лил (ФОТО)

Ниту Милан, ниту Рома – крилото на Ајакс заврши во Лил (ФОТО)

Рома и Милан беа тимовите кои ја водеа главната битка за талентираниот фудбалер на холандскиот гигант Ајакс, Анвар ел Гази, но тој реши да ја продолжи кариерата во француски Лил.

Ел Гази долго време се поврзуваше со трансфер во некој од италијанските гиганти, но очиглено не доставиле доби понуди и тимот од северот на Франција успеа да ја искористи таа ситуација. Тие ја платија бараната сума од 8 милиони евра за Холанѓанецот со мароканско потекло и добија големо засилување.

Тој потпиша договор на четири и пол години, со што стана трето засилување за екипата, откако претходно беше доведен Жерсон од Рома на позајмица, како и Мароканецот Фарес Балули, кој дојде од Монако за сума од 3,5 милиони евра.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.