Нирбургринг доби зелено светло од Еклстоун - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Нирбургринг доби зелено светло од Еклстоун

Берни Еклстоун стави крај на дилемите околу тоа каде ќе биде одржана трката за Големата Награда на Германија оваа година, обелоденувајќи дека тоа дефинитивно ќе биде Нирбургринг. Првиот човек на Формула 1 имаше низа недоразбирања со организаторите на трката, за на крајот проблемите конечно да бидат надминати и да биде дадено зелено светло за токму во Нирнбургринг да се одржи трката закажана за 7 јули.

 

Имам многу високо мислење за Нирбургринг и за историјата на оваа патека. Со оглед на долгата традиција, мило ми е што успеав во својата намера, токму оваа патека да биде организатор на германското гранпри годинава“ – изјави Еклстоун.

 

Новата сезона во Формула 1 шампионатот ќе стартува на 17 март во Австралија, по што ќе следи трката во Малезија закажана за 24 март. Последната трка ќе се вози во Бразил, на 24 ноември.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.