Николиќ: Не прифаќам опуштање! - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Николиќ: Не прифаќам опуштање!

Николиќ: Не прифаќам опуштање!

Карпош соколи ја освои првата победа на гостински терен во регионалната АБА лига изминатиот викенд (против Олимпија Љубљана), па по четири дена загуби во рамки на балканската БИБЛ лига од Куманово со 101-106. Ова е прв пораз за „соколите“ на домашен терен по речиси три месеци, а заморот од натпреварување на два меѓународни фронта си го зеде данокот.

Тренерот на Соколи, Драган Николиќ вели дека не смее да ги исфрли од колосек тој замор.

„Треба овој натпревар да го заборавиме што побрзо. Ние покажавме дека имаме моќ да играме паралелно во две натпреварувања со одредени амбиции. Во првото полувреме се обидовме и покажавме реакција, но сепак не беше доволно. И победите и поразите нам исто ни влијаат. Натпреварите доаѓаат како и да е и мора да има замор. Со намалена ротација споредено со АБА лигата тоа е константен проблемкој нè следи во БИБЛ лига. Не прифаќам опуштање бидејќи знам како се тренира. Тоа не е некој ни аргумент ни одговор. Не ни е лесно во овој период и во оваа фаза на натпреварувачкиот циклус. Во моментов не играме на оној начин на кој мислев дека можеме да играме. Во оваа ситуација ние треба да се запрашаме“ – истакна Николиќ.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.