Никола Василев дел од стручниот штаб на Литвос Ритас - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Никола Василев дел од стручниот штаб на Литвос Ритас

Никола Василев дел од стручниот штаб на Литвос Ритас

Раководството на кошаркарскиот клуб Литвос Ритас започна со „ремонт“ на стручниот штаб, а како една од промените е и назначувањето на Македонецот Никола Василев за помошник тренер на клубот од Вилнус. Томас Пачесас, кој беше именуван како шеф на стручниот штаб лично го избрал 31-годишниот Василев.

„Доволно добро го знам Никола. Го ценам и верувам во неговите способности. Не се двоумам воопшто дека ќе биде одличен додаток на нашиот тим“ – истакна новиот кормилар на литванскиот клуб.

Василев е поранешен тренер на Фруктал Јуниор, а беше и селектор на младинските репрезентации до 16 и 18 години. Две години мина во Бахреин и Иран, како и дел и од стручниот штаб на Асеко Гдиња покрај Тане Спасев.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.