Никој не плаќа 220.000 отштета: Станиќ останува во Металург - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Никој не плаќа 220.000 отштета: Станиќ останува во Металург

И покрај
тоа што пред само неколку денови за српскиот „Журнал“ истакна дека не сака да
остане во Металург, голманот Дарко Станиќ веќе сосема извесно и следната сезона
ќе биде дел од тимот од Автокоманда.

 

„Повеќе не
се пронаоѓам во Металург. Моја желба е да си одам, па не гледам зошто клубот не
би ме пуштил. Подобро е така отколку да останам и бидам незадоволен“
– истакна
предходно Станиќ за „Журнал“.

 

Но, истиот
медиум денеска пренесува дека откако е јасно дека никој нема намера да ја плати
отшетата од 220.000 евра, колку што бара Металург за неговите услуги, Станиќ
останува во клубот и понатаму.

 

Ова лето Металург, како што е познато го напуштија: Давид Коражија, Дамир Батиновиќ,
Младен Ракчевиќ, Миладин Козлина, Тихомир Додер, Стевче Алушовски, Левко
Наумовски, Милан Левов и Митко Стоилов
, а нови имиња се Павел Атман, Никола
Маркоски, Дејан Пецаковски, Сергеј Жедик, Никола Кеџо, Бојан и Борјан Маџовски,
Никола Костески, Филип Талески, Жарко Пешевски, Мартин Манасков и Марко
Нелоски.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.