Несторовски ќе паузира две седмици, се враќа за дуелот со Пандев - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Несторовски ќе паузира две седмици, се враќа за дуелот со Пандев

Несторовски ќе паузира две седмици, се враќа за дуелот со Пандев

Палермо по подолг период денеска се радуваше на победа во Серија А, откако на домашен терен ја совлада Фиорентина со 2-0, но во завршницата од мечот повреда заработи македонскиот интернационалец Илија Несторовски. Тој го истегна бутниот мускул на левата нога и предвреме го напушти дуелот. Првичните лекарски проценки се дека Несторовски ќе паузира околу две седмици.

Нестор-гол сигурно ќе го пропушти следниот првенствен меч на Палермо, но очекувањата се дека ќе може да се врати на теренот на 14 мај, кога Палермо на домашен терен ќе ја пречека Џенова. Тоа ќе биде и „македонски дуел“ во Серија А, со оглед дека од едната страна ќе бидат Трајковски и Несторовски, а од другата Горан Пандев.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.