Неславен крај за Ким Клајстерс - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Неславен крај за Ким Клајстерс

Ким Клајстерс и дефинитивно му кажа збогум на тенисот откако синоќа претрпе неочекуван пораз од Британката Лора Робсон, со 7-6, 7-6. Белгијката уште пред извесно време имаше најавено дека настапот на УС опен ќе биде последен за неа во фантастичната кариера, потенцирајќи дека очекува повторно да атакува на трофејот во Њујорк. Сепак, Клајстерс беше непријатно изненадена од 18-годишната Британка, губејќи ги двата тајбрејка, по што разочарувањето не само кај неа, туку и кај сите присутни на теренот „Артур Еш“ беше огромно. 
 
Најубавите моменти во кариерата ги имав токму во Њујорк, ова место секогаш ми претставувало инспирација и затоа го наведов УС опен како турнир каде што ќе му кажам збогум на тенисот. Се беше прекрасно, но за жал приказната завршува денеска. Не очекував такво нешто, но токму изненадувањата го прават овој спорт толку интересен“ – изјави Клајстерс, која што со овации беше поздравена од американските тениски фанови. 
 
Од останатите мечеви, Енди Мареј со максимални 3-0 славеше над Иван Додиг од Хрватска, Јанко Типсаревиќ се врати од негатива од 0-2 за да слави над Французинот Руфан, додека Џон Иснер го совлада Хавиер Малис со 3-1 во сетови. На женскиот дел од турнирот, Марија Шарапова рутински ја совлада Домингез Лино од Шпанија со 6-0, 6-1, а настапите во следната рунда ги продолжија и Азаренка, Квитова, Ли На и бранителката на трофејот Саманта Стосур.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.