Ненадиќ е замената за Палмарсон во Веспрем - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Ненадиќ е замената за Палмарсон во Веспрем

Ненадиќ е замената за Палмарсон во Веспрем

Петар Ненадиќ е изборот на раководството на Веспрем за наследник на Арон Палмарсон, трансфер што денеска и официјално беше потврден од страна на унгарскиот ракометен гигант. Веспрем преговараше со српскиот бек веќе неколку месеци наназад, но по експресното заминување на Палмарсон, сега беше постигнат договор Ненадиќ наместо на крајот на сезонава, да пристигне во Унгарија од почетокот на 2018 година.

Бекот пристигнува од германскиот прволигаш Фуксе Берлин, а овој трансфер претставува негово враќање во Унгарија, каде во периодот од 2008 до 2010 година го носеше дресот на Пик Сегед. Ненадиќ ќе настапи за Србија на претстојното Европско Првенство во јануари 2018, по што ќе му се стави на располагање на тренерот Врањеш во Веспрем.

Фуксе Берлин веќе го потпиша Стипе Мандалиниќ од Загреб како засилување на бековската позиција.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.