Нема попуст за никого: Вардар јуниор мора да си состави и младинска екипа - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Нема попуст за никого: Вардар јуниор мора да си состави и младинска екипа

Нема попуст за никого: Вардар јуниор мора да си состави и младинска екипа

Раководството на РК Вардар не успеало во намерата да издејствува менување на пропозициите во младинските категории, откако „црвено-црните“ побарале нивниот втор тим, Вардар јуниор, да нема своја екипа во младинската лига на Македонија. Пропозициите на оваа тема се децидни, сите клубови што се дел од елитното друштво мора да имаат и свои екипи во младинското првенство. Барањето на „вардарци“ се однесувало на тоа дека првиот тим на Вардар веќе има свој младински тим и на вчерашната конференција на младински клубови побарале правилото да не се однесува на Вардар јуниор.

Потенцирајќи дека тоа би било прекршување на пропозициите, дел од останатите клубови гласно се спротивставиле на идејата, порачувајќи дека „вардарци“ како клуб со голема ракометна школа треба да најдат начин да си составар и втора младинска екипа.

Изненадени сме од барањето на РК Вардар на самиот состанок и не можеме да се изначудиме што е причината за такво нешто. Еден гигант и клуб со голема традиција и клуб што има голема академија на млади македонски играчи, да бара на пет дена пред почеток на првенство да не учествува во младинската лига каде според важечките пропозиции е задолжително. Како ќе го развиваме македонскиот младински ракомет и како ќе создаваме идни македонски ракометари кога клуб како Вардар не е во можност или не е заинтересиран да состави младинска екипа. Се надевам Дека луѓето од РК Вардар ќе го преиспитаат барањето и ќе ги прочитаат добро пропозициите“ – истакна Сашо Огњановски од РК Тинекс Пролет.

Само за споредба, Металург јуниор, кој исто така е втор тим на Металург, но е дел од елитното друштво, има составено свој младински тим за настап во овој ранг на натпреварување.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.