Нема крај за агонијата на МЗТ - Пораз и од Игокеа во Скопје - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Нема крај за агонијата на МЗТ – Пораз и од Игокеа во Скопје

Нема крај за агонијата на МЗТ – Пораз и од Игокеа во Скопје

МЗТ не успеа да направи двоен позитивен учинок над Игокеа, откако на свој терен го забележа 11. пораз во низа во јадранското натпреварување со резултат од 77-68. Иако „металци“ имаа големи надежи дека токму со овој натпревар ќе ја прекинат „црната“ серија, босанскиот состав одлично се држеше во текот на целата средба.

Тренерот Жељко Лукајиќ изненади со својот избор да го започне мечот без Трајковски и Симоновски кои ги остави на клупата, додека Маслинко и Минчев стартуваа од првата минута. Игокеа тоа веднаш го искористи па за помалку од четири минути направи серија од 11-2, по што го примораа предводникот на „металци“ да побара тајмаут. МЗТ по кратката пауза почна да игра подобро и не дозволи разликата на гостите да стане уште поголема. По крајот на првата делница МЗТ беше во негатива од три поени, односно 19-16 за Игокеа.

mzt -igo (21)

Македонскиот шампион со додатни напори успеа да ја прекине иницијативата на Игокеа, па кон средината на втората четвртина Стојановски го изедначи резултатот на 24-24, но наместо МЗТ конечно да поведе, одново се најдоа во негатива. Гостите од Босна до крајот на полувремето одново направија серија, овој пат со 9-0 и се најдоа на +9, но на паузата се замина со 36-33.

Игокеа за цело прво полувреме погоди само една тројка од 13 обиди, но шутот од дистанца им проработе по паузата и така  на стартот од третиот период реализираа три кои ги погоди токму екс-играчот на МЗТ, Марко Љубичиќ, кој воедно беше и најзаслужниот кошаркар за водството на неговата екипа. На само една минута до крајот на третата четвртина МЗТ ја врати неизвесноста на средбата, па во завршниот период се влезе со надеж дека конечно ќе стигнат до пресврт, знаејќи дека Игокеа водеше со само еден поен повеќе (53-52).

Двете грешки на Мавра на стартот од завршната четвртина му обезбедија на Игокеа нова солидна предност, која по пет минути прерасна во двоцифрена (67-57), а „металци“ немаа идеја како ќе стигнат до посакуваната победа. Со петте поени во низа на Радивојевиќ на две ипол минути до крајот Игокеа „избега“ на +13, а со тоа згасна секоја надеж за победа на МЗТ.

mzt -igo (14)

Стојановски забележа 14 поени, Мавра и Трајковски додадоа по 12 поени. Игокеа беше предводена од Љубичиќ со 21 поен и четири украдени топки, додека Милошевиќ и Радивојевиќ додадоа по 11 поени.

 

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.