Некои нови Фемили Аеродром (ФОТО) - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Некои нови Фемили Аеродром (ФОТО)

Некои нови Фемили Аеродром (ФОТО)

Чудни работи се случуваат на денешното дерби меѓу МЗТ Скопје и Аеродром, кое почна во театарска атмосфера. На својот дел од трибините први дојдоа „Сити парк бојс“, а веднаш потоа „спонтано“ се собраа и домашните фанови, кои беа распоредени на неколку различни страни, за по 7-8 минути да се распоредат „заеднички“, точно „контра“ своите ривали од Центар.

Во „Јане Сандански“ можеа да се слушнат и добро познатите аеродромски навивачки песни, па се поставува прашањето, дали ова е фракција на „Фемили Аеродром“, кои го продолжуваат бојкотот кон управата на клубот, или пак формирање на нова навивачка група на овој клуб.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.