Нејмар го носи Обамејанг во ПСЖ? - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Нејмар го носи Обамејанг во ПСЖ?

Нејмар го носи Обамејанг во ПСЖ?

Пари Сен Жермен во летниот преоден рок ги купи Нејмар и Килијан Мбапе, но нема да застане тука. Ново сензационално засилување може да биде Пјер – Емерик Обамејанг, напаѓачот на Борусија Дортмунд, кој е на излезна врата од клубот. А трансферот би можел да го договори – Нејмар.

obamejang i nejmar

Обамејанг и Нејмар се големи другари, а Габонецот синоќа беше во Париз и тоа во друштво на бразилскиот ас. Ова секако ги разбуди шпекулациите дека Обамејанг би можел да биде следната аквизиција на „Паркот на принцовите“. Иако ПСЖ има проблеми со финансискиот фер-плеј, сепак, можноста да го доведе Обамејанг секако ќе му се допадне и на тренерот Унаи Емери.

Во таков случај, јасно е дека Единсон Кавани ќе го напушти ПСЖ, како и уште неколку фудбалери меѓу кои Ди Марија, Дракслер, Лукаш, Бен Арфа…

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.