Не не бива за фудбал...Можеби сме за „текбол“?! - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Не не бива за фудбал…Можеби сме за „текбол“?!

Во фудбалот никако не можеме да стигнеме до големи резултати на меѓународна сцена. Велат, тркачки не можеме да им парираме на подобро развиените селекции. Еве, можеби „текбол“ е спорт по наша мерка. Тоа е нов спорт, кој многу наликува на нашата маалска игра „серва“, но има свои правила и се игра на специјално изработена маса, налик на онаа за пинг – понг. Всушност, „текбол“ е пинг-понг на фудбалски начин, а спортот галопирачки зема замав во Европа и во светот.

„Л’Екип“ најавува дека во Франција набрзо ќе почне и официјално првенство во овој спорт, а би можеле и ние да го играме. Не е скап, масата чини 225 евра, а правилата се добро објаснети и во промотивното видео…


Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.