НБА Олстар 2017: Клеј Томпсон ќе ја брани титулата во шутирање тројки, Лавин одби учество во забивањето - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

НБА Олстар 2017: Клеј Томпсон ќе ја брани титулата во шутирање тројки, Лавин одби учество во забивањето

НБА Олстар 2017: Клеј Томпсон ќе ја брани титулата во шутирање тројки, Лавин одби учество во забивањето

За точно две седмици од денес во „Смути Кинг“ спортскиот центар во Њу Орлеанс ќе се одигра НБА Олстар натпреварот. Имињата на кошаркарите од најсилната лига во светот се веќе познати, а денес НБА ги обелодени и имињата кои ќе се натпреваруваат во вештини, шутеви од далечина и забивање.

Клеј Томпсон ќе ја брани титулата од минатата година во шутирање на тројки на 18., февруари, а Кајри Ирвинг, Кајли Лори, Кемба Вокер, Ерик Гордон, Весли Метјуз, Си Џеј Меколум и Ник Јанг ќе се обидат да го симнат од тронот.

Во категоријата на забивање ќе се натпреваруваат четворица и тоа Ерон Гордон, Деандре Џордан, Глен Робинсон и Дерик Џоунс Џуниор. Зак Лавин, двократниот освојувач( 2015, 2016), ја одби поканата за да учествува.

Своите кошаркарски вештини ќе ги демонстрираат Ентони Дејвис, Демаркус Казинс, Гордон Хејвард, Ајзеа Томас, Џон Вол, Девин Букер, Кристапс Порзингис и Џоел Ембид.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.