Назор: Сакам одбраната да биде заштитен знак на оваа екипа - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Назор: Сакам одбраната да биде заштитен знак на оваа екипа

Назор: Сакам одбраната да биде заштитен знак на оваа екипа

Дваесет и првото коло во регионалната АБА лига му ја донесе Олимпија Љубљана како противник на македонскиот шампион МЗТ Скопје. Словенечкиот клуб во минатото коло загуби на домашен терен од Карпош соколи, за кои воедно тоа беше прв триумф на гости, па „металците“ сакаат да ја искористат ниската самодоверба на противникот во своја корист.

Акцентот мора да биде ставен на одбраната, смета тренерот на клубот од Аеродром, Анте Назор.

„Очекувам тежок натпревар против квалитетен противник кој сепак во последно време некако испадна од посакуваниот ритам особено по поразот од Карпош соколи.  Нивната игра осцилира и во самиот тек на натпреварот и тоа треба да биде наша шанса за изненадување. Ќе мора да покажеме поголема желба и агресивност и со нешто поголема ротација би можеле да дојдеме до посакуваниот триумф. Нашата шанса ја гледам во контролата на нивниот скок бидејќи ривалот има одлични скокачи во нападот. Мора да осигураме повеќе напади за себе, што воедно е еден од начините со кои би дошле до победа. Ништо од ова нема да биде важно ако не бидеме максимално агресивни во одбраната, нешто што сакам да биде заштитен знак на оваа екипа“ – вели Назор.

Добрата игра против Мега лекс во минатото коло мора да ги води кошаркарите на МЗТ Скопје на денешниот натпревар, смета Ксавиер Темс.

„Против Мега лекс покажавме дека знаеме и можеме да одигграме квалитетно особено кога сме сите на број. Олимпија е незгоден противник кој сиурно ќе сака да се извади за неодамнешниот пораз од Карпош околи, но верувам дека ќе собереме сили за да изненадиме“ – истакна Темс.

Натпреварот е на распоредот во 21.00 часот.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.