Назор: Ова беше близу до перфекција - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Назор: Ова беше близу до перфекција

Назор: Ова беше близу до перфекција

МЗТ Скопје против Унион Олимпија стигна до својата прва овосезонска гостинска победа во АБА-лигата, и тоа со убедливи 19 поени разлика, па јасно е зошто Анте Назор имаше само пофални зборови за изданието на своите избраници. Тој ја опиша играта на „металците“ како приближно перфектна според неговите замисли, уште еднаш потенцирајќи дека и при самото доаѓање посочи дека овој тим на МЗТ Скопје има квалитет.

Ова беше прва средба откако сум дојде во клубот да одиграме приближно онака како што јас посакувам и како што замислував дека МЗТ Скопје Аеродром треба да игра под моја команда. Имавме многу проблеми, но се надевам дека ќе можеме да продолжиме да играме во ист ритам како вечерва и во нападот и во одбраната. Овој тим има квалитет, но требаше да почне посилно да игра во дефанзивата и да го пронаоѓа тоа екстра додавање во нападот кое најчесто е половина кош. Во подготовката за оваа средба рековме дека треба да ја добиеме битката под кошевите со Унион Олимпија и да ја спречиме нивната игра во транзиција и не само што го направивме тоа туку со паметен напад и трпеливи поседи ги казнувавме жестоки сите нивни грешки, особено во второто полувреме“ – изјави Назор.

Македонскиот првак се наоѓа во одлична ситуација, со триумф во следното коло на домашен терен над Крка (директен ривал од долниот дел на табелата), уште повеќе да побегне од дното и да направи голем чекор напред кон обезбедување на опстанокот во АБА.

Не сакам уште од сега да правам било какви калкулации околу тоа кој ќе испадне од АБА-лигата бидејќи сметам дека сите одговори поврзани со МЗТ Скопје Аеродром се во рацете на моите играчи. Речиси половина лига според некои математики може да биде на последното место и поради тоа најважно е ние да ја креваме формата, а другото само ќе си дојде, истакна тренерот на македонскиот шампион.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.