Нашиот Партизан Водно Санс повторно без конкуренција на „Партизан Куп“ (ФОТОГАЛЕРИЈА) - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Нашиот Партизан Водно Санс повторно без конкуренција на „Партизан Куп“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Генерацијата на кошаркари родени во 2002 година уште еднаш го потврди својот квалитет повторно доминирајќи на „Партизан Куп“ кој изминатиов викенд се одржа во Скопје, а кој е веќе традиција меѓу младите екипи под капата на Партизан од Белград, Бања Лука и од Скопје.

Partizan turnir 4

Како и минатата година титулата, во конкуренција на четири екипи Партизан Водно Санс 2002 – Скопје, Партизан Нис – Белград, Партизан ТС – Бања Лука и Партизан Водно Санс 2003 – Скопје, замина во рацете на Партизан Водно Санс 2002 кој апсолутно доминираше во текот на целиот турнир. Во финалето нашите млади кошаркарчиња славеа убедливо против врсниците од белградски Партизан со 80-36.

Partizan turnir 2

Partizan turnir 3

Partizan turnir 5

Второто место на турнирот го освои Партизан Нис, а на третото место заврши Партизан ТС од Бања Лука.

За најдобар играч на турнирот беше избран кошаркарот на Партизан Водно Санс 2002, Лука Савичевиќ.

Partizan turnir 9

Наградата за прв стрелец замина во рацете на Павле Јовиќ од Партизан ТС – Бања Лука.

Partizan turnir 8

ОДИГРАНИТЕ ШЕСТ НАТПРЕВАРИ НА ТУРНИРОТ (СЕКОЈ СО СЕКОГО):
КК Партизан Водно Санс 2003 – КК Партизан Белград 34-50
КК Партизан Водно Санс 2002 – КК Партизан Бања Лука 72-55
КК Партизан Водно Санс 2003 – КК Партизан Водно Санс 2002 60-89
КК Партизан Белград – КК Партизан Бања Лука 60-58
КК Партизан Водно Санс 2003 – КК Партизан Бања Лука 56-76
КК Партизан Водно Санс 2002 – КК Партизан Белград 80-36

Partizan turnir 6

Partizan turnir 10

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.