Наместо Американец, нов Србин во Куманово - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Наместо Американец, нов Србин во Куманово

Наместо Американец, нов Србин во Куманово

Куманово дефинитивно е најактивниот клуб на кошаркарската берза летово, откако актуелниот вицешампион на Македонија повлече уште еден потег. Урош Петровиќ е нов член на кумановци, откако беше интензивирана потрагата по нов крилен центар, по пропаднатиот трансфер на Вил Реган. Ангажманот на американскиот кошаркар веќе беше официјализиран, но тој задоцни со доаѓањето во Македонија, а кумановци потоа се решија за нова опција.

Урош Петровиќ е нов играч на нашиот тим, тој игра на позиција крилен центар и ни доаѓа од Нафт Абадан (Иран). Поради семејни проблеми кои му се случија на претходно потпишаниот Вил Реган и неможноста да допатува во нашата држава договорот со овој играч е раскинат“ – се вели во краткото соопштение на КК Куманово.

Така, наместо Американец, во Куманово дојде ново засилување од Србија, но во секој случај актуелниот вицешампион покажува огромна амбициозност и желба догодина да оди и чекор напред и да се закити со шампионската титула.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.