Најмладите на дело во Монте-лигата - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Најмладите на дело во Монте-лигата

Уште еден интересен викенд понуди “Монте-ЈУНИОР” минибаскет лигата, а главни актери овој пат беа најмладите учесници – Генерацијата 2003/04. И овој пат беше тешко да се одлучи кој ќе биде најдобриот тим во ова коло, но сепак петтиот натпревар на кој се дадоа најголем број кошеви успеа да ги собере најголемите овации, а Гладијаторите од Ѓоргија Пулевски како награда ќе одат во МекДоналдс.
 
Ова коло го стартуваа ПАЈАЦИТЕ од Г.Делчев и ТОМАС од Тетово. Гостите уште од самиот старт покажаа одлична игра и поведоа со 10 поени разлика. Меѓутоа ПАЈАЦИТЕ со добрата игра во одбраната и брзите контранапади предводени од најдобриот стрелец Илиевски успеаа да ги “заробат” гостите во својата мрежичка и да дојдат до првите два бода во својата генерација. ЅВЕЗДИТЕ од Г.Прличев силно светеа во текот на целиот натпревар и на ШТРУМФОВИТЕ од А.Шопов не им дозволија да дојдат до предност во ниеден момент. Најголема ѕвезда беше Митревски кој даде 11 поени и си зема награда од генералниот спонзор МОНТЕ. По натпреварот овие два тима “се пресметаа” и во играта “Скилс челинџ”, каде ШТРУМФОВИТЕ  го преземаа епитетот Ѕвезди и успеаа да победат.
 
На третиот натпревар бевме сведоци на голем триумф на АЈКУЛИТЕ од Коле Неделковски кои на ШТУРЦИТЕ од Браќа Миладиновци “им дозволија” да дадат само 6 поени. Најрасположен за игра беше Богатиновски кој го наполни кошот на Штурците со 11 поени.Опасните АЈКУЛИ не застанаа ниту во играта “МекДоналдс 2 Опен болс”  и за само 1 минута успеаа да постигнат 21 поен, што значи Тренчевски и Павловски се покажаа и како многу подобри шутери од Хасанаговски и  Гацов и затоа си добија награди од Мек Доналдс.
 
Уште еден неизвесен натпревар се одигра во ова коло, кадешто на крајот МРАВКИТЕ од Лазо Ангеловски сепак се покажаа како побрзи од ИГУАНИТЕ од Дане Крапчев. Најдобар стрелец беше Стевановски со 11 поени.

Во петтиот меч, можеше да се проследи суперинтересен меч помеѓу СОНЦАТА од Песталоци и ГЛАДИЈАТОРИТЕ од Ѓ.Пулевски. Двете екипи беа шутерски расположени и затоа мрежичките не мируваа во текот на целиот натпревар. Но клучниот збор го имаше расположениот Митовски, кој со своите 20 поени ги доведе Гладијаторите до посакуваниот триумф. СРНИТЕ од Лазо Ангеловски и КЛОВНОВИТЕ од П.Зоографски беа двата тима кои го затворија ова коло. Големата упорност и далеку поголемата снаодливост на Срните беше причината за нивната победа. Мечот беше изедначен но за двата бода на О.У.Л.Ангеловски се погрижи расположената Зафирова која неуморно го полнеше кошот на противникот.
 

Резултати: 

Пајаци (Г.Делчев) – Томас Тетово  15-14 
Пајаци: Миленковски 3, Митовски, Илиевски Н. 3, Тодоровски 2, Јорданов 2, Чакаловски, Даниловски, Гиговска, Илиевски Д. 5.
Томас: Црвенковски, Јовановски 2, Филипоски 5, Васовски, Гиновски, Билбиловски 2, Јакимовски, Глигоров 2, Мусли И., Марковиќ С.Н., Гавровски, Индриќ 3, Богдановски, Ивановски, Мусли А., Атанасовски, Стојановски, Симјановски, Димовски
 
Штрумфови (А.Шопов) – Ѕвезди (Г.Прличев)  20 – 30
Штрумфови: Талевски, Лековиќ, Малинков, Ѓорѓевиќ 9, Стефановски, Јовановски, Шаботиќ 2, Анчевски 3, Неделковски 2, Јанкуловски, Дамир 1, Стојанов 1
Ѕвезди: Стојановски 2, Стефановски, Ѓеоргиевски, Шуланковски, Здравковски 2, Крстиќ, Петров 7, Митревски 11, Ѓеоргиевска, Пемпер 4, Соколовска С.3, Соколвски П., Ценов.

Штурци(Б.Миладиновци) – Ајкули(К.Неделковски)  06 – 36
Штурци: Јаневски, Серафимовски, Хасанаговски, Гацов 2, Смиљановски, Илиевски, Георгиев 2
Ајкули: Богатиновски 11, Алексиќ 4, Попоски 3, Филиповски 2, Даниловски, Танаскоски, Димитровски, Блажевски, Пендаровски 5, Павловски 8, Тренчески 3, Никифоровски
 
Игуани(Д.Крапчев) – Мравки (Л.Ангеловски) 16 – 20
Игуани: Адемовиќ 8, Најдовски , Димитриевски, Митковски, Стојановски 2, Раткоски, Стефановски 2, Наков, Гугевски, Милошевски
Мравки: Димески, Стевановски 11, Стојанов, Аврамовски, Буха Ј.2, Буха М., Миљковиќ, Баштовански 2, Милошевски, Аидиевски 2, Колева, Шуневиќ 3, Влаховиќ, Савов, Димева, Стојановиќ.
 
Сонца(Песталоци) – Гладијатори (Ѓ.Пулевски) 30 – 37
Сонца: Маневски, Најдовски Л.5, Дундевиќ 5, Стојановиќ , Николовски 8, Илиоски 8, Цветковски, Лазаревски, Марковски 2, Орцевски , Крстев, Стојков 2
Гладијатори: Ходиќ, Темелковски 4, Дафинчевски 3, Груевски 2, Трифуновски Д., Трифуновски А.3, Митковски 20, Трајков, Бакалинов 5.
 
Срни(Л.Ангеловски) – Кловнови(П.Зоогравски)  23 – 18
Срни: Спасеновски 1, Митровски 8, Милошевски 1, Фидановски, Благоевски, Илиоски, Христов, Петрушевски, Јакимовски 3, Зафирова 9, Константиновиќ 1.
Кловнови: Аврамовски 2, Иванов 4, Наумовски, Мишковски, Стаменова, Пешкирски, Овнарски, Дуковски, Сандев, Трпески 3, Зафировски 6, Трајковски 2, Гелева 1.
 
 
 

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.