Најголем малер во ракометот - Гребиј го пропушта и СП во Франција - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Најголем малер во ракометот – Гребиј го пропушта и СП во Франција

Најголем малер во ракометот – Гребиј го пропушта и СП во Франција

Матиу Гребиј уште еднаш го потврди епитетот на „најголем малер во светскиот ракомет“ откако повторно се случи да заработи тешка повреда непосредно пред одржувањето на едно големо натпреварување. Бекот на Монпелје, кој важи за најдобриот млад француски ракометар, се повреди на последниот меч од ЛШ со Чеховски медведи, по што врз него мораше да биде извршена операција на менискусот на коленото.

Оперативниот зафат беше успешен, но Гребиј ќе мора да паузира околу три месеци од терените“ – соопштија од лекарскиот тим на Монпелје.

Гребиј блесна на големата сцена со неколку добри настапи на СП во Катар, каде потоа заработи повреда и ја пропушти битката за медали. Тој поради повреда го пропушти и Европското Првенство во Полска во јануари, потоа се врати на терените, но пак се повреди и не можеше да настапи за „триколорите“ на ОИ во Рио де Жанеиро.

Леворакиот „бомбардер“ беше предводник на Монпелје на стартот од оваа сезона, но повторно следеше незгодна повреда, и повторно пред едно големо ракометно натпреварување, па Гребиј нема да може да им помогне на француските ракометари ниту на мундијалот на домашен терен што ќе се одржи следниот месец.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.