Најдобрите одат заедно - РФМ потпиша договор со Телеком - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Најдобрите одат заедно – РФМ потпиша договор со Телеком

Најдобрите одат заедно – РФМ потпиша договор со Телеком

„Најдобрите се денеска тука со нас“, порачаа од Македонски Телеком на денешната прес-конференција, обелоденувајќи го партнерството со Ракометната Федерација на Македонија.

„Договорот за партнерство меѓу овие два успешни тима дојде многу природно – Македонски Телеком ја има најдобрата мрежа во земјава, додека ракометот е најуспешен спорт во Македонија, во континуитет со години наназад. Ќе бидам краток бидејќи овде се главните ѕвезди – ракометарите. Ракометот е спорт со кој нашиот бренд сака да биде поврзуван, бидејќи е динамичен спорт. Му донесовме среќа на Вардар, кој стана европски шампион, се надевам дека ќе му донесеме среќа и на македонскиот национален тим. Ви посакувам се најдобро на претстојното Европско Првенство“ – изјави генералниот директор на Македонски Телеком, Андреас Елснер.

Задоволството од потпишаниот договор не го криеше и првиот човек на Ракометната Федерација на Македонија, Живко Мукаетов.

Најдобрите доаѓаат заедно, ние денеска ја имаме честа спортот број 1 во Македонија, благодарение на овие момци овде, да потпишеме соработка со Македонски Телеком. Како претседател на федерација  мене ми е чест што ќе соработуваме со моќна компанија како Телеком. Апсолутно сум убеден дека одлично ќе се претставиме и ќе ја направиме нашата држава горда како и досега“ – изјави Живко Мукаетов, претседател на Ракометната Федерација на Македонија.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.