Нагетси броеја до 137, триумф на Мајами - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Нагетси броеја до 137, триумф на Мајами

Кошаркарите на Денвер славеа против ЛА Лејкерс на гости со 137-115 на дуелот кој ја одбележа вечерта во НБА лигата.

Мајами, пак, со 30 поени на Леброн Џејмс го доби Торонто со 102-97, додека Оклахома славеше против Бостон со 119-96.

Денвер во разбивањето на Лејкерси имаше дури седум играчи со двоцифрен број поени – Нејт Робинсон со 21 поен, Мозгов со 20, а Тај Лосон покрај 20 поени имаше и 12 асистенции. Кај Лејкерси По Гасол имаше 25 поени, 10 скока и пет асистенции.

Мајами ја прекина серијата на Торонто од пет едноподруго победи, а најзаслужен за тоа беше Леброн Џејмс со 30 поени, 4 скока и пет асистенции. Мајкл Бизли дополни 17 поени, а Двејн Вејд – 14 поени.

Голден стејт врза девет победи, прв пат од 1975 година, а најдобар во победата над Вашингтон беше Клеј Томпсон со 26 поени. Стеф Кери имаше 14 поени и 10 асистенции, а најдобар беше Дејвид Ли со 21 поен, 11 скока и шест асистенции.

НБА РЕЗУЛТАТИ: Детроит – Мемфис 84-112, Кливленд – Индијана 78-82, Мајами – Торонто 102-97, Вашингтон – Голден Стејт 96-112, Оклахома – Бостон 119-96, Далас – Њујорк 80-92, ЛА Лејкерс – Денвер 115-137

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.