Нагелсман: Славењето на Новата година е апсолутно идиотска вечер! - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Нагелсман: Славењето на Новата година е апсолутно идиотска вечер!

Нагелсман: Славењето на Новата година е апсолутно идиотска вечер!

Светот влезе во 2018 година, многумина си раскажуваат како си поминале за најлудата ноќ, а тренерот на Хофенхајм, Џулијан Нагелсман, ја „стресе“ јавноста со неговиот став дека воопшто не слави Нова година и смета дека е тоа идиотска вечер.

„Мислам дека Новогодишната ноќ е всушност апсолутно идиотски фестивал. Навистина искрено го мислам тоа. Сите луѓе во светот тогаш подготвуваат премногу храна, најголем дел од неа останува и потоа се фрла, а некои други немаат што да јадат. Покрај тоа, зборуваме дека се грижиме за животната околина, а по прославата на Новата година вие можете да насекаде да видите премногу ѓубре. Токму затоа, мислам дека славење на Нова година е потполно срање!“, изјави Џулијан Нагелсман.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.