Надал и Федерер пратени дома - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Надал и Федерер пратени дома

Четвртфиналните дуели на АТП турнирот во Синсинати ги донесоа и првите поголеми изненадувања, ако се знае дека токму во оваа фаза своите настапи на турнирот ги завршија Рафаел Надал и Роже Федерер. 

Надал беше поразен во два сета од Марди Фиш со 6-3, 6-4, со што Американецот уште еднаш ја потврди извонредната форма откако минатата недела стигна до финалето на турнирот во Монтреал. Фиш го искористи заморот на Надал по маратонскиот меч со Вердаско само еден ден претходно и да наметне темпо што Надал не успеа да го издржи.

– Не играв онака како што знам. Се обидував да дадам се од себе, но ги изгорев прстите непосредно пред турнирот и не се чувствував најприродно со рекетот во рака. Згора на тоа, имав тежок меч со Вердаско и премалку време за да ги наполнам батериите за да можам да се носам со одличен тенисер како Марди Фиш – истакна разочараниот Надал по поразот.

Настапите во Синсинати завршија и за ланскиот освојувач на турнирот, Роже Федерер, кој што загуби со 6-2, 7-6 од Томаш Бердих. Швајцарецот во ниту еден момент не наликуваше на тенисер што до скоро доминираше на терените, направи премногу неизнудени грешки и сосема заслужено го загуби својот меч, а со самото тоа и многу бодови на АТП листата.

– Не го читав неговиот сервис најдобро, а згора на тоа направив неколку грешки во тајбрејкот. Ова не е карактеристично за мене – беше кратката изјава на Федерер. 

Енди Мареј без проблеми го совлада Жил Симон со 2-0 во сетови, додека  на Новак Ѓоковиќ му беа потребни три сета (3-6, 6-4, 6-3) за да го визира својот пласман во полуфиналето. 

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.