На „Стенковец“ завршува ендуро шампионатот - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

На „Стенковец“ завршува ендуро шампионатот

Денеска на патеката “Стенковец” крај Скопје, со почеток од 12 часот ќе се одржи петтиот, последен натпревар
од шампионатот на Македонија во ендуро за сезоната 2011, “Голема награда
на Скопје 2011″.
 
 
На патеката која е со должина од 20 километри а на која ќе има два брзински испити – првиот со елементи од мотокрос и ендуро, а вториот со екстремни елементи, трките ќе се бодуваат во 4 класи: Е1, Е2, Е3
и Т1.
 
 

Во класата Е1 титулата ќе се одлучува помеѓу
Александар Петровски (МК Мотори) и Јован Стојков (МК Мотостарс), додека најн
еизвесна битка за титулата се очекува да биде во
најбројната класа Е2, каде што дури тројца натпреварувачи се со шанси да бидат
на врвот: Зоран Трајковски и Ивица Милошевиќ од МК Мотори и Борче Костов од МК
Мотостарс.

 

Водечки во класата Е3 се Јетон Заими и Флорин Садику од МК Гост Рајдерс, а во класата Т1 водечки е Виктор Ефремов (МК Мото
Велес) кој ќе се бори вторпат едноподруго да ја освои шампионската титула.
Негов најголем конкурент за титулата е Никола Николов од МК Вардар.

 

Во клупска конкуренција МК Мотори од Скопје е сосема блиску до титулата, а за конечните водечки позиции ќе се борат и МК
Мотостарс од Битола, МК Мото Велес и МК Гост рајдерс од Гостивар.
 

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.