Њујорк остана без Стадемаер - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Њујорк остана без Стадемаер

Њујорк никс врза одлични резултати во последните дваесетина дена, но овој тим сега се соочува со сериозен проблем поради повредата на Амари Стадемаер. Одличниот центар ја обнови незгодната повреда на грбот што го мачеше и во текот на минатата сезона. па сега ќе мора да мине извесно време надвор од терените. Со оглед на фактот дека до крајот на регуларната сезона во НБА има само уште еден месец, тешко е да се поверува дека Стадемаер ќе може да се врати на терените во овој период, а прашање е дали тој ќе му биде на располагање на тренерот Мајк Вудсон во плејофот.
 
Навистина ми е жал за проблемите на Амари. Тој штотуку се врати од повредата, а сега мора повторно да паузира. Вистинска штета, бидејќи станува збор за навистина одличен кошаркар“ – истакна најголемата ѕвезда на Њујорк никс, Кармело Ентони. 

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.