МЗТ сварен во руски казан (85-61) - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

МЗТ сварен во руски казан (85-61)

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром забележаа убедлив пораз (85-61) од Уникс Казан на гостувањето во Русија во рамките на петтото коло од Еврокупот. Јасно беше дека рускиот тим е голем фаворит против МЗТ, па затоа мисијата на избраниците на Влада Вукоичиќ беше да извлечат пристоен пораз, но не успеаја во тоа.

Уште во првиот период, Уникс Казан оствари огромна предност, ги доби првите десет минути со 29-13 и беше јасно дека „металците“ нема убаво да си поминат во Казан.

Потоа предноста беше зголема и преку 30 поени разлика (60-28), а на крајот рускиот претставник славеше со 85-61.

Во редовите на МЗТ Скопје Аеродром најефикасен беше Кејд Дејвис со 12 поени, а одбраната беше немоќна да го задржи нападот на домашниот тим. Кај Уникс Казан се истакна Гуделок, со 20 постигнати поени за 20 минути на паркетот.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.