МЗТ посакува чудо, а Партизан одмазда - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

МЗТ посакува чудо, а Партизан одмазда

МЗТ посакува чудо, а Партизан одмазда

Кошаркарите на МЗТ Скопје го завршија првиот круг од натпреварувањето во АБА-лигата со очаен скор 2-9, заковани на дното на табелата. Македонскиот првак вечерва (19 часот) се среќава со еден од двата тима што успеа да ги совлада, белградски Партизан, чии кошаркари се решени да сторат се за да се одмаздат за поразот во првото коло од 92-89.

Во однос на тој дуел и двете екипи ќе имаат различни тренери, Чанак ќе дебитира во АБА-лигата, на местото на Мута Николиќ, додеа Лукајиќ пред една седмица го наследи Александар Тодоров во МЗТ Скопје. „Металците“ беа на чекор до прекин на губитничката серија на дуелот со Морнар, но откако „прокоцкаа“ предност од 19 поени кризата е уште подлабока, сосема разбирливо ако се знае дека последниот триумф го забележаа пред точно два месеци, на 16 октомври, на гостувањето против Игокеа.

Немавме среќа да победиме против Морнар, но покажавме голема желба и позитивна енергија. Ако ги повториме тие работи во Белград, сигурно ќе дојдеме до ситуација да го изненадиме противникот. Партизан е тим што секогаш мора да се респектира, но кој исто така има и слаби точки кои ќе се обидеме да ги искористиме. Добро трениравме во последните денови и ако се држиме до планот, верувам дека ќе одиграме добар натпревар“ – изјави Дарко Соколов.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.