МЗТ: Петровски имаше понуда, но ја одби - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

МЗТ: Петровски имаше понуда, но ја одби

Раководството на МЗТ Скопје испрати официјално соопштение до нашата редакција, во кое што му го честита на Јане Петровски трансферот во редовите на Работнички. Воедно, „металците“ посочуваат дека не е вистина дека на Петровски не му бил понуден договор за да остане во „Јане Сандански“ како што самиот тој тврдеше во изјавата дадена за ЕКИПА непосредно по потпишувањето на договорот со Работнички. 
 
ЕКИПА го објавува целосното соопштение на МЗТ Скопје на оваа тема:
 
 
По завршувањето на минатата сезона од управата на сите кошаркари им беше понудено продолжување на соработката. Со дел од нив се договоривме, а со дел не можевме да се договориме бидејќи оваа управа на МЗТ Скопје не може да исполнува ветувања што ги дале други управи и друг тренер.
 
На последниот разговор со Јане Петровски, кој се водеше конференциски, присуствуваа и три члена на Управниот Одбор на МЗТ Скопје како и тренерот на тимот. На обострана жалост, не успеавме да се договоривме со Петровски, по што му посакавме среќа во следните ангажмани. Можеме да кажеме дека сега чувствуваме задоволство што Јане Петровски си најде нов клуб, па макар тоа бил и Работнички. 
 
Тој е вистински професионалец кој што како таков секогаш е добредојден во „Јане Сандански“, без оглед дали во иднина ќе настапува за Работнички или за некоја друга екипа. Сепак, тој како вистински професионалец не треба да бара алиби зошто заминал во Работнички, затоа што тоа е негов личен избор и причините за трансферот не треба да се бараат на друго место“ – се вели во соопштението на МЗТ Скопје.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.