МЗТ мисли на иднината и го собира најдоброто од Македонија: Стајиќ нов член - Екипа - Екипа
МЗТ мисли на иднината и го собира најдоброто од Македонија: Стајиќ нов член - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

МЗТ мисли на иднината и го собира најдоброто од Македонија: Стајиќ нов член

Раководството на актуелниот македонски кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром, кој е наш претставник во АБА-лигата и во Еврокупот, размислува и за иднината и веќе почна со проект за ангажман на најдобрите млади кошаркари во нашата земја. Откако го ангажираа Љубомир Младеновски од Работнички, најново лице меѓу „металците“ е Бобан Стајиќ, 20-годишен кошаркар кој досега ги бранеше боите на КК Лирија.

Стајиќ игра на бековската позиција и важи за еден од најперспективните млади кошаркари во Македонија и беше стандарден член на репрезентацијата до 20 години. Бобан Стајиќ потпиша повеќегодишен договор со МЗТ Скопје Аеродром и се очекува да биде светла иднина на клубот.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.