Мурињо објасни зошто сите фудбалери го славеле голот на Лукаку: Па сите сакаат во Дубаи! - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Мурињо објасни зошто сите фудбалери го славеле голот на Лукаку: Па сите сакаат во Дубаи!

Мурињо објасни зошто сите фудбалери го славеле голот на Лукаку: Па сите сакаат во Дубаи!

Манчестер јунајтед успеа во самиот финиш од мечот синоќа да го скрши отпорот на Дерби и да обезбеди пласман во следната рунда натпревари од ФА Купот. Головите за „црвените ѓаволи“ ги постигнаа Лингард и Лукаку чиј гол го прославија буквално сите играчи на Јунајтед.

Лукаку баш и не блеска по доаѓањето од Евертон, а колку му значи синоќешниот погодок се виде по големата прослава. Сите играчи се одлучија да му дадат поддршка, но Мурињо има поинаква теорија зошто сите беа среќни по вториот гол…

„Ја сакате вистината? Да не победевме и да моравме да играме реванш тогаш никој од нас немаше да оди во Дубаи следната недела. Сите сакаат да одат па затоа беа така среќни по вториот гол на Лукаку“ – рече Мурињо.

Фудбалерите на Манчестер јунајтед ќе се подготвуваат за следниот меч од Премиер лигата во Дубаи затоа што ќе имаат седум дена „одмор“. Поради лошите временски услови во Англија одлучено е да се реализираат кратки подготовки во Дубаи.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.