Мурињо го сака Лукаш Моура на „Олд трафорд“ - веднаш! - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Мурињо го сака Лукаш Моура на „Олд трафорд“ – веднаш!

Мурињо го сака Лукаш Моура на „Олд трафорд“ – веднаш!

Манчестер јунајтед заостанува многу зад градскиот ривал Сити во трката за шампионската титула во Премиер – лигата, а менаџерот Жозр Мурињо тоа го оправдува со „малиот буџет“ што го имал за нови засилувања во споредба со Пеп Гвардиола. Португалецот со сите сили се бори да издејствува неколку нови засилувања и за овој зимски преоден рок. Една од неговите желби е крилниот играч на ПСЖ, Лукаш Моура.

Мурињо посакува Лукаш да дојде како позајмен играч до крајот на сезоната, со опција неговиот договор потоа да биде откупен целосно од клубот од „Олд трафорд“. Бразилецот нема голема минутажа во Пари Сен Жермен и е еден од фудбалерите кои се планирани за заминување, па неговата преселба во Англија е реална. Останува Јунајтед да ги утврди деталите околу позајмицата, како и висината на отштетата за комплетен трансфер што би се случил по завршувањето на сезоната.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.