Мурињо до Конте: Јас барем не сум местел, и ниту некогаш ќе местам натпревари! - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Мурињо до Конте: Јас барем не сум местел, и ниту некогаш ќе местам натпревари!

Мурињо до Конте: Јас барем не сум местел, и ниту некогаш ќе местам натпревари!

Нема крај на „вербалната војна“ меѓу Жозе Мурињо и Антонио Конте…

Како што е познато, Конте реагираше на изјавата на Португалецот дека пооделни колеги покрај аут-линијата се однесуваат како кловнови, алудирајќи на Јирген Клоп и Антонио Конте, кои никогаш не се срамат да направат шоу на натпреварите.

„Мислам дека треба да се сети што тој правел и прави покрај аут линијата. Не знам како точно се вика таа состојба на умот кога заборавате нешто, но мислам дека е старачка деменција“ – изјави Конте, јасно укажувајќи на одредени ситуации од минатото кога Мурињо ги водеше Порто и Интер.

Секако, не моравме премногу долго да чекаме на одговорот од Мурињо…

„Точно е, правев грешки во минатото покрај аут линијата. Да, ќе ги направам повторно, но мислам дека ќе ги има се помалку. Тоа што мене нема никогаш не ми се случило, и нема никогаш да ми се случи и во иднина, е да бидам суспендиран за местење натпревари“ – одговори Жозе Мурињо.

Португалецот потсети на фактот дека Конте, како тренер на Сиена, беше обвинет дека не направил ништо за да спречи местење натпревар на неговата екипа. Конте беше замешан во аферата за местење натпревари во сезоната 2010/11 кога Сиена, тогаш член на Серија Б, веќе обезбеди пласман во Серија А, поради што доби четиримесечна суспензија, но со одлука на судот од Кремона во 2016 година беше ослободен од обвинението дека местел натпревари.

Сега, секако, се чека одговорот на Конте до Мурињо…

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.