Mу вртат ли „Пирати“ грб на Металург?! - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Mу вртат ли „Пирати“ грб на Металург?!

Mу вртат ли „Пирати“ грб на Металург?!

Поранешниот ракометен шампион Металург по бурната сезона конечно дојде до победа во Лигата на шампионите. Клубот од Автокоманда повторно заличи, односно барем малку потсети, на своите славни времиња, публиката повторно се израдува, иако не беше присутна во така голем број како некогаш.

Клубот кој надалеку во Европа беше познат по својата публика , а тука се и “Пиратите” како нивен заштитен знак, во моментот се труди да ги врати своите навивачи на трибините. Неочекувано, на дуелот против Кадетен Шафхаузен остана и без оние најверните, или во најмала рака, “очекувани” навивачи. Тоа што беше очигледно и видливо со голо око, секако е неприсуството во СЦ „Борис Трајковски“ на најверните навивачи, “Пиратите”. Тие иако го најавија своето присуство ги немаше, апсолутно изненадувачки.

Групата која освен на домашен терен речиси секогаш го следеше својот миленик и на гостински терен, навивачите кои не му завртија грб ниту минатата сезона кога беше најтешко, сега не го бодреа Металург. Тоа несомнено го наметнува прашањето, дали „Пиратите“ му вртат грб на клубот. Сега, кога конечно се чини дека работите си доаѓаат на свое место во клубот од „Автокоманда“, неочекувано се отвори нов проблем…“Каде се Пирати?”

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.