Мора похрабра игра против Катар: На победа и ништо друго... - Екипа - Екипа
Мора похрабра игра против Катар: На победа и ништо друго... - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Мора похрабра игра против Катар: На победа и ништо друго…

ЕКИПА во Рим, Италија

Владимир Булатовиќ

Во крајно мирна атмосфера македонските репрезентативци ги одработуваат последните тренинзи деновиве во Рим, пред утрешниот натпревар кој од 19 часот во Риети го играме со селекцијата на Катар.

Сумирајќи ги впечатоците од настапот против Камерунците, од таборот на националниот тим се едногласни дека овој пат безусловно ќе се атакува на победа против Катар, амбициозната азиска селекција која гради нов тим во очекување на Светскиот шампионат на кој се домаќини во 2018.

„Нема што да размислуваме сега. Согледани се одредени недостатоци од играта на средбата со Камерун и сега сите сме желни за победа против Катар. Атакуваме на триумф до кој верувам можеме да стигнеме“ – вели десниот бек, Даниел Георгиевски.

Сосема еднакво е размислувањето и на Агим Ибраими кој смета дека мора да се покаже далеку поголема агресивност во нашата игра доколку сакаме позитивни резултати.

„Не може да бидеме задоволни како одигравме со Камерун. Но, јасно е дека сега се тестира еден подмладен состав, со воигрување на едни нови тактички замисли, и затоа секако треба мало трпение. Во секој случај, мора да одиграме сега многу похрабро против Катар која не е наивна селекција, но мислам дека ќе пресуди нашиот квалитет. Секако, овој пат одиме на ништо друго освен победа“ – вели Ибраими.

Македонската репрезентација, денеска во Рим од 17:30 часот ќе го одработи последниот тренинг пред утрешната средба. Како што е познато, во тимот, однос на составот од Камерун, ќе ги нема повредениот Горан Попов, и голманот Томе Пачовски, поради што Бошко Ѓуровски ќе располага и со дополнително подмладен состав.

Александар Дамчевски се приклучи на селекцијата

Стоперот на бугарски Черноморец, Александар Дамчевски е дополнително повикан за настап на натпреварот со Катар, откако и претходно повиканиот Ѓоко Зајков, поради повреда не можеше да му се приклучи на тимот.

На местото на голманот Томе Пачовски, по средбата со Камерун, се приклучи и Кристијан Наумовски.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.