Монте-јуниор лига, второ коло - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Монте-јуниор лига, второ коло

Старуваше и второто коло од “МОНТЕ-ЈУНИОР” минибаскет лигата, а за стартот беа задолжени минибаскетџиите родени 2002 година кои ни “пласираа” четири интересни натпревари, но со убедливи победи.
 
На првиот натпревар помеѓу СВЕМИРЦИ и МКК Струмица бевме сведоци на значаен пресврт во текот на натпреварот, кадешто иако струмичани ја започнаа првата четвртина со предност, сепак во продолжение од натреварот екипата од Радишани почна да игра на своето ниво па заслужено на крајот се радуваше на победата. Голем белег на натпреварот оставија најмладите членови кои ја добија својата шанса во играта. Кај струмичани-Ангелов кој постигна тројка и слободно фрлање, додека кај Свемирци-Левковски кој имаше кош од поле и три поени од линијата за слободни фрлања. Свемирците навистина покажаа тимска игра и затоа одлучивме наградата за најдобар стрелец овој пат да биде на целата екипа.
 
Во вториот натпревар бевме сведоци на интересен меч кој беше изедначен во трите четвртини. На крај за победата на ЈОГОБЕЛА придонесе одличната одбрана во последниот дел, во кој избраниците на тренерот Пејовски не дозволија да примат ниту еден кош од КОМЕТИТЕ .Наградата од МОНТЕ за најдобар стрелец отиде кај Адемовиќ со 6 поена.
По натпреварот Кадриа и Танасовски од Кометите се натпреваруваа во играта “Мек Доналдс 2 Опен болс” против  Рајковски и Стојковски од Јогобела. Далеку порасположени за шут беа натпреварувачите од О.У.П.Гиновски кои победија во играта со резултат 31-14.
 
МЕТЕОРИТЕ уште на самиот старт покажаа дека се фаворити на третиот натпревар, а предноста на своето салдо ја имаа до самиот крај кога ги совладаа ШТРУМФОВИТЕ со убедливи 29 поени  разлика. Кировски Д. со своите 16 поени многу придонесе за оваа победа на својот тим и затоа беше награден од МОНТЕ.
“Цотинос Скилс Чејлинџ” е втората игра која е дел од секоја Монте лига. Метеорите иако беа дел од изедначен резултат во текот на играта сепак на крајот се истакнаа како победници. Кировски, Илиевски, Тренчевски и Јаковски беа поснаодливи и побрзи од Петровска, Маркоски, Илиевски и Тодоровски.
 
ГЛАДИЈАТОРИТЕ не успеаа да ја остварат својата втора победа, бидејќи ЛЕОПАРДИТЕ беа доволно силни во оваа “борба”. Со агресивна одбрана и брзи контранапади освоија нови  2 бода на табелата. Најбрз леопард беше Бојаџиев кој постигна 11 поени.


НАЈекипа на колото се СВЕМИРЦИ од О.У.Ацо Шопов и следниот викенд ќе одат на частење во Мекдоналдс.

РЕЗУЛТАТИ:
Генерација 97/98
МКК Струмица-ЈУНИОР  48-33
СВЕМИРЦИ (А.Шопов) – МКК Струмица      27-15
КОМЕТИ (К.Неделковски 1) – ЈОГОБЕЛА (П.Гиновски)    13-20
ШТРУМФОВИ (Г.Делчев) – МЕТЕОРИ (К.Неделковски 2)  16-45  
ГЛАДИЈАТОРИ (Ѓ.Пулевски) – ЛЕОПАРДИ (Л.Ангеловски)     21-35

Свемирци (А.Шопов) – МКК Струмица 27-15
СВЕМИРЦИ: Сали Р., Сали Д., Поповски К., Ѓутовиќ Е. 2, Шаботиќ А. 3, Дамјановиќ Д. 4, Левковска А., Смајовиќ А., Лефковски К. 4, Димитриевски Х. 4, Азировиќ Н. 2, Алили Б., Ристовски С., Дамјановиќ М., Маслар 6, Ѓорѓевиќ М. 2.
МКК СТРУМИЦА: Митев В. 2, Васикасапов., Ангелов И. 5, Китанов., Лазаров., Цеков Г. 6, Ристовв Д., Ристов Д., Ристов Н. 2, Касапов В., Стојанов., Ангелов М., Касапов И.

КОМЕТИ (К.Неделковски 1) – ЈОГОБЕЛА (П.Гиновски)    13-20
КОМЕТИ: Трајковиќ Д., Коцевски А. 4, Петров Р. 4, Палитов Б. 1, Танаскоски Ч., Трајковски П., Кадриа С. 3, Џулев И. 1,
ЈОГОБЕЛА: Богдановски Д. 4, Стојковски Д., Стојанов А. 4, Маркоски М., Шукрие К., Омеровиќ Х. 2, Буловиќ-Иванов С., Милошевски Д., Рајковски К. 4, Адемовиќ А. 6.


ШТРУМФОВИ (Г.Делчев) – МЕТЕОРИ (К.Неделковски 2)  16-45  
ШТРУМФОВИ: Јакимоски А., Илиевски Н. 1, Миленковски М. 9, Кузев А. 1, Гоговска М., Петровска Ф. 2, Тодоровски С. 3, Илиевски Д., Митовски Д., Маркоски М., Маркоски М.
МЕТЕОРИ: Јосифовски А. 1, Димитровски М., Кировски Д. 16, Илиевски С. 12, Нинески Л. 6, Малиновски Х., Тасевски А., Јордановски Д., Јовковски Д. 2, Тасевски А., Крстевски В., Тренчевски И. 8.

ГЛАДИЈАТОРИ (Ѓ.Пулевски) – ЛЕОПАРДИ (Л.Ангеловски)     21-35
ГЛАДИЈАТОРИ: Арангеловска М., Арангеловски С. 2, Савин А. 4, Митрев М., Велјаноски Ф. 2, Јаковлев А. 3, Бахалинов Н., Бахалинов К., Метовски А. 8, Фабијанска В. 2, Мојсовски П., Трајкоски М.
ЛЕОПАРДИ: Спасовски Б. 6, Панов Ј. 2, Михајловски С., Стефов Х. 7, Митровски М. 2, Бошковски В., Бојаџиев Б. 11, Ѓоргиев Г. 1, Андев А., Христовски Н. 6, Котевски Д.


НАРЕДНО КОЛО 2001

1. Мрежички (К.Неделковски) – Ѕверови (Г.Прличев)
2. Лавови (Д.Крапчев 1) – Јуниор 1
3. Крапови (Д.Крапчев 2) – Јуниор 2
4. Бед Боис (А.Шопов) – Елени (Л.Ангеловски)
5. Верверици (Б.Миладиновци) – Марсовци (К.Кепевски)
6. Баскети (П.Зогравски) – слободен
 

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.