Моника Гавриловска е назначена за член на младинската комисија при ФИБА - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Моника Гавриловска е назначена за член на младинската комисија при ФИБА

Моника Гавриловска е назначена за член на младинската комисија при ФИБА

Генералниот секретар на МКФ, Моника Гавриловска е избрана за нов член на младинската комисија на ФИБА. Европската куќа на кошарката одлучи  првиот оперативец на МКФ,  Моника Гаврилоска да ја награди назначувајќи ја во Комисијата која се грижи и работи за развојот на младинската кошарка во светот.

Ова признание, како што велат од МКФ, е само уште еден доказ плус за професионалноста, квалитетот, несебичноста и посветеноста  кон кошарката на генералниот секретар на МКФ, но и определбата на кошаркарската федерација за максимална посветеност токму кон младите категории.

МКФ, пак, на 15. декември ја очекува Вонредно Собрание на кое ќе се разгледува работата на актуелниот претседател Петар Наумоски. Поранешниот Комесар за натпреварување Боби Јосифовски веќе извесно време е во игра за наследник на Наумоски, а сериозна конкуренција сигурно ќе му биде и Абдурахман Бајрактар. ЕКИПА дознава дека Бајрактар ја собрал неопходната поддршка (број на потписи) за да биде кандидат за претседател, функција на која атакуваше и минатата година. Тогаш токму овој бизнисмен, кој воедно е и Конзул на Турција во Охрид, му беше противкандидат на Петар Наумоски, но поради технички пропуст на клубовите што го предложија воопшто не дојде до гласање, а Бајрактар џентлменски се повлече и му посака многу среќа на Наумоски.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.