МОК со семинар за спортски менаџмент - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

МОК со семинар за спортски менаџмент

Претседателот на Македонскиот Олимписки Комитет, д-р Васил Тупурковски, денес ја отвори “Олимписката обука за напреден спортски менаџмент на спортската администрација на Република Македонија“. Главна цел на оваа обука е унапредување на ефикасноста на Националните спортски федерации односно на спортската администрација во Република Македонија.

mok seminar 2

Предавањата од првиот модул “Спортски маркетинг” ги одржува М-р Дамјан Пинтар, бизнис директор на Словенечкиот Олимписки Комитет, а на 7. февруари предавач ќе биде проф. д-р Алан Феран, професор по Спортски маркетинг и спонзорство на Факултетот за науки и спорт, Универзитет Поатје, Франција и директор на после дипломските студии за спортски маркетинг за извршни функционери на Меѓународниот Олимписки Комитет.

Предавањата на првата тема “Спортски маркетинг“ ќе опфаќаат теми како што се релации со маркетинг партнери, спонзорството и донации, подготовка и изработка на понуда за спонзори, подготовка за потпишување и реализација на маркетинг договори, евалуација на сработеното, бенефиции од договорот за спонзорство, контрола на постигнатото, правни аспекти на договорот за спонзорство, но и други теми кои ќе бидат понудени.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.