Мојсовски: Зрели сме за големи резултати - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Мојсовски: Зрели сме за големи резултати

Baner glaven 2

Наумче Мојсовски полека се враќа во препознатливата форма и нагласува дека македонската репрезентација веќе созреа за успех во континуитет. Според бекот на црвено-жолтите, техничките грешки сведени на минимум и феноменалната игра во нападот на Македонија и донесоа сигурна победа против Тунис.

Не очекувавме дека ќе биде вака на стартот. Сите се подготвувавме за тешка борба. Знаеме кој е Тунис и дека играат многу грубо во одбраната. Но, ние го одигравме овој натпревар феноменално во нападот, а во одбраната не им дозволивме многу да се размавнат и да реализираат контри и полуконтри. Ги сведовме на минимум техничките грешки, пред се одбраната и Борко на голот. Така што некако се се поклопи. Дај Боже вака да остане и да не е ова само едно светло во настапите на нашата репрезентација, туку вака да продолжиме. Мислам дека оваа генерација веќе созреа и дека е подготвена да направи добар успех и да фатиме контиунитет во настапите. Да не биде денес добро, утре лошо. Ако се потцени противникот, секој може да те победи. Мислам дека сега поседуваме квалитет и и искуство да држиме едно ниво против секој противник“ – порача Мојсовски по завршувањето на натпреварот.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.