Мојсовски: Во репрезентацијава сум 19 години, ваква несериозност немало! - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Мојсовски: Во репрезентацијава сум 19 години, ваква несериозност немало!

Мојсовски: Во репрезентацијава сум 19 години, ваква несериозност немало!

caki bile baner krakov

Наумче Мојсовски не го криеше разочарувањето по очајното издание и поразот од Белорусија, по кој Македонија го заврши европскиот шампионат без ниту една победа. Искусниот бек причината ја побара во почетниот состав на нашиот национален тим и тактизирањето на стручниот штаб, јавно барајќи да дојде до промени на подобро во репрезентацијата.

Ова беше чуден пристап од наша страна, еве прашувам зошто да не го почнеме мечот со Белорусија со најсилен состав. Јас така мислам, според мене тука е и грешката. Влеговме и опуштено, Рутенка не играше, ни кажаа дека нема да игра ниту Бабичев, па можеби малку се релаксиравме, но видовте што се случи на теренот. Многу лошо е што ова се случува на два месеци до тој предолимписки турнир на кој се надеваме дека ќе учествуваме, а кој не ни е ниту сигурен. Не знам што да кажам, ова е лошо, два месеци зборувавме за се да оди нагоре, да се движиме во вистински правец до тој турнир, но ова е сериозна опомена. Треба нешто да се менува, да се поправа. Јас сум дел од оваа репрезентација веќе 19 години, слободно можам да кажам дека ваква несериозност немало, како од играчите, така и од останатите аспекти. Еве го април каде е, нешто мора да се смени, вака никаде не одиме“ – истакна Мојсовски.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.