Мојсов меѓу Вардар и Партизан - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Мојсов меѓу Вардар и Партизан

Репрезентативецот на Македонија, Даниел Мојсов, со истекот на оваа година и дефинитивно ќе стави крај на соработката со Војводина, а новата дестинација ќе ја одбере меѓу Партизан и Вардар. Тоа се клубовите што веќе оствариле контакти со квалитетниот дефанзивец, кој во последните шест месеци беше во немилост на раководството на Војводина, затоа што не сакаше да го продолжи договорот. Познато е тоа за Војводина, низ „пеколот“ претходно помина и Влатко Грозданоски, но Даниел Мојсов издржа се и сега се врти кон иднината.
 
 
„Лично, повеќе би сакал да играм во странство. Засега има некои повици, но ништо конкретно, така што ќе видиме што ќе се случи во наредниот период. За „вечните“ (Партизан и Црвена звезда) не би сакал да зборувам пред 31 декември, кога и официјално истекува договорот со Војводина. Постои интересирање и од Вардар. Ме побараа, треба да седнеме и да разговараме. Но, ме побараа и од Србија“, изјави Даниел Мојсов за „Б92“.
 
 
Во српските медиуми се најавува дека Даниел Мојсов е најблиску до трансфер во Партизан, со оглед дека „црно-белите“ размислуваат за замена на Бугаринот Иван Иванов, кој има понуда од италијанскиот прволигаш Киево. Но, и Вардар е во игра, се разбира, доколку достави добра понуда за репрезентативецот на Македонија.    
 
 
Фото: www.fkvojvodina.rs 

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.