Модриќ избегна затвор, за казна ќе плати - еден милион евра - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Модриќ избегна затвор, за казна ќе плати – еден милион евра

Модриќ избегна затвор, за казна ќе плати – еден милион евра

Ѕвездата на Реал Мадрид, Лука Модриќ, ќе избегне затворска казна поради неплатен данок во Шпанија, така што ќе исплати еден милион евра на државата. Хрватскиот фудбалер направи компромис со шпанското обвинителство да ги исплати парите кои ги должи и плус самата казна, а севкупно затаил околу 870.000 евра.

Модриќ беше обвинет дека во два наврати, во 2013 и 2014 година избегнал да ја плати одредената сума која припаѓа на државата, како и отворање на офшор-сметки во Луксембург и островот Ман.

Шпанските медиуми тврдат дека Модриќ сакал што поскоро да се заврши ова и без многу дилеми одлучил да ја плати казната.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.