Младите вардарци тренираат и се забавуваат... - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Младите вардарци тренираат и се забавуваат…

Вметнувајќи нови содржини во тренажниот процес кај најмладите категории, школата на ФК Вардар со доаѓањето на зимскиот период, преселувајќи се и во затворен простор, вметнува и забавни елементи во тренинг активностите.

Есенските шампиони, генерацијата на помлади пионери водена од својот тренер Туш Зефиќ, денеска одработи тренинг во салата на училишниот центар „Никола Карев“ како дел од соработката со проектот “Опен Фун Фоотбалл”. Аеробик, фитнес вежби, тестови за концентрација, забавна кошарка…, беа дел од денешните активности на младите „вардарци“.

„Покрај класичните тренинзи, убаво е кога на момчињата ќе им се овозможи и паралелно забавен тренинг. Сето тоа е освежувачки и секако од големо значење за дополнително зацврстување на тимскиот дух. Во таа насока е и оваа соработка со ФК Вардар“ – истакна Цено Александровски.

Од школата следат секако најавите и за континуирани забавни тренинг активности, и со останатите генерации од младинската школа.

Извор: www.fkvardar.mk

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.