Младите фудбалери добија дополнителни премии од ФФМ за триумфот во С. Ирска - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Младите фудбалери добија дополнителни премии од ФФМ за триумфот во С. Ирска

Младите фудбалери добија дополнителни премии од ФФМ за триумфот во С. Ирска

Фудбалската репрезентација на Македонија се одлучи со дополнителни премии да ги награди членовите на младата репрезентација за победата на гостувањето против Северна Ирска од 1-2.

Селекцијата до 21 година предводена од Благоја Милевски стигна и до вториот триумф во квалификациите, останувајќи максимално сериозно во трката за второто место во групата што би бил историски успех за македонскиот фудбал. Токму поради тоа ФФМ се одлучи да додели премија од по 1.000 евра за секој фудбалер и член на репрезентација, како дополнителен поттик за продолжението од квалификациите.

Следниот квалификациски натпревар надежите го играат против Франција на 15. ноември во Скопје. Во моментов, токму со „триколорите“ се на делба на втората позиција на табелата со шест бода од три натпревари. Водечки е Исланд со 11 бода, но од пет натпревари.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.