Младиот Димитријевиќ растура во Шпанија - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Младиот Димитријевиќ растура во Шпанија

Талентираниот македонски кошаркар Нено Димитријевиќ продолжува со одлични настапи во дресот на Хувентуд, каде ова 16-годишно момче прераснува во нов кошаркарски бисер. Димитријевиќ беше во главна улога на последниот турнир во кој учествуваше Хувентуд, што се одржа во Сарагоса, на кој тимот од Бадалона славеше најмногу благодарение на македонскиот ас, кој се закити и со МВП-признанието на овој турнир.

neno dimitrijevic mvp

На овој турнир учествувале 24 екипи, а на крајот на трофејот се радувал токму Хувентуд, по триумфот на У16 репрезентацијата на Шпанија во големото финале (64-61). Димитријевиќ бил најпрецизен во големото финале со 19 постигнати поени, надополнети со 6 асистенции и пет скокови. Така, македонскиот бек само се надоврза на своето извонредно издание во полуфиналето, во кое со три тројки во последната четвртина стигна до бројката од 15 поени и му ја донесе на Хувентуд победата над Валенсија со тимот на 69-59.

Димитријевиќ настапува за тимот на Хувентуд за играчи до 16 години, но по одличните партии во последно време не се исклучува можноста тој да се најде во екипата за играчи до 18 години, која ќе биде дел од фајналфор тур во младинската Евролига.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.